+389 2 3092990 Пон|Mon - Пет|Fri 09h - 19h Саб |Sat 09h-14h

BERTI

Италијански паркет

Calda e naturale essenza dell’abitare.

BERTI е италијанска компанија која е основана во 1910 година, а денес е водечки производител на паркет во Италија. Некои работи се менуваат со текот на времето, но некои остануваат традиција: компанијата се уште е вистински семеен бизнис, лично управувана од нејзините сопствениците.

Изборот на BERTI дрвени подови за вашиот дом е престижен. Природен, елегантен, модерен, и топол – тоа се главните карактеристики на нашиот паркет. Шармантни и елегантни големини, ова е нашиот одговор на актуелните трендови и потреби на пазарот.

Intarsia паркет

Intarsia е највисоко ниво на паркет мајсторството. Во старо време овој паркет се користеше како декор исклучиво во кралските дворци и куќи на големите луѓе.

Дизајнот на intarsia паркетот е различен од сложеноста на формите: тука се користат разни детали со заоблени облици, цветни дизајни, монограми и разновидни високо уметнички композиции создадени од овие детали. Физичките карактеристики, бојата и текстурата на површината на дрвото, се земени во предвид при изборот на дрво за цртање.

Погледнете дел од прекрасните intarsia паркети од галеријата на BERTI.

previous arrow
next arrow
previous arrownext arrow
Slider
Close Menu