Шеврон паркетот (herringbone) е секогаш ИН. Него може да го најдете во многу историски зданија ширум светот. Овој вид на редење на паркет веќе подолго време како да не излегува од мода, всушност шарата наречена шеврон е посакувана од било кога. Без разлика дали ќе го сретнете на меѓународни саеми за мебел, во реномирани списанија за внатрешен дизајн или популарни онлајн платформи, дека трендот е насекаде е факт кој се рефлектира со зголемена побарувачка.
Во основа што е "Шевронот"?
Шеврон паркетот подразбира поставување на поединечни парчиња паркет во посебна форма, создавајќи непогрешлив модел. Така поставената шема се нарекува herringbone поради сличноста со коските на риба, како што е харингата. Моделот е создаден со поставување блокови на паркет со избрана должина и ширина на главата кон глава под агол од 90°. Ова резултира со редови од два паркет блокови, кои се обликувани како типичен шеврон.
Други модели може да се постигнат со уредување на блокови во двојки или тројки, што се нарекува двојна или тројна рибина коска, соодветно.
Кај “францускиот шеврон” паркетот се поставува под агол од 45° или 30° на двете страни. Тоа создава континуиран размак помеѓу редовите на паркетот.
Визуелен ефект
Остриот облик создаден од овој класичен модел гарантира дека вашиот дрвен под ќе добие уникатен и особено впечатлив изглед. Сепак, ова во голема мера зависи од големината на индивидуалните даски паркет и начинот на кој тие се наредени. Затоа, подот може да има многу елегантен изглед, повеќе впечатливо присуство во собата или нешто помеѓу нив. Шевронот е присутен во големи по размер простории, како што може да се види во бројни замоци или во музеи и галерии. Сепак тој, одамна е присутен и во помали дневни простории, каде што функционира исто толку ефикасно.
Трендови поставени од WEITZER PARKETT
Шеврон паркетот најчесто се нуди само во мали формати, како што се стрипови или блокови. Како трендсетери, правиме еден чекор понатаму: Weitzer Parkett, исто така, произведува непогрешлив шеврон во поголеми формати кои создаваат сосема уникатна атмосфера во вашиот дневен простор.