+389 2 3092990 Пон|Mon - Пет|Fri 09h - 19h Саб |Sat 09h-14h

ХОМОГЕНИ И ХЕТЕРОГЕНИ
PVC ПОДОВИ

Хомогените и Хетерогените ПВЦ подови се повеќенаменско решение погодно за сите типови на објекти.

Какви се хомогените подови?

Хомогените винилни подови се цврсти и високо отпорни решенија за области каде има голема проодност, и поради нивната издржливост и леснотија на чистење, тие се особено препорачливи за здравствени и образовни установи.
Тие се состојат од еден единствен винилен слој и се поставуваат со лепење за дното на подот, а заварувањето служи за да обезбеди оптимална хигиена и долговечност. Целата конструкција на подот е иста.
Нашата акустична верзија содржи специјален слој од пена кој го намалува преносот на звукот и совршено ги апсорбира ударите.
Постојата 23 колекции, со дебелинa од 1.50mm, 2mm, 3.50mm и 3.7mm.

Структура

Структурата кај хомогените ПВЦ подови се состои од:
– Чист ПВЦ
– Креда (калциум карбонат)
– Пластисајзери (постигнуваат форма на ролна)
– Стабилизатори (подлогата останува иста)
На квалитетот на хомогениот под влијае соодносот помеѓу ПВЦ и креда. Кредата е зацврстувач, што е материјалот полесен толку е подобар. Кредата е таа што го прави потежок.

Видови хомогени подови

Хомогените винилни подови може да бидат електропроводни и електрорасипни. Електропроводните се користат во операциони сали, а елктрорасипните во RTG ренген простории.
Самиот медицински апарат или машината во производствениот погон бараат соодветен тип на под, согласно потребните карактеристики. Електропроводните подови содржат графитни опиљки, графитна опачина, бараат електропроводно лепило, а за инсталација се користат и бакарни траки. Тие брзо го спроведуваат електрицитетот.
Противклизни хомогени подни облоги имаат алуминиум оксид кој не се троши, со ознаки R10 и R11. Може да се постават во мензи, рампи, успони, внатре во болници, училишта и др.

Какви се хетерогените подови?

Хетерогените винилни подови се повеќенаменско решение погодно за сите типови на објекти. Достапни се во различни дизајни погодни за станбени објекти, како и за области со голема проодност, како што се училишта, болници, ресторани. Овој винилен под се состои од хетерогена повеќеслојна конструкција, т.е. од неколку слоеви и може да се избере во широк спектар на варијации на дизајнот благодарение на иновативната технологија за површинска обработка. Акустичната верзија, содржи меѓуслој на пена која го намалува преносот на звукот и има одлични абсорбирачки својства.

Структура

Структурата кај хетерогените ПВЦ подови се состои од 6 слоја, и тоа:
– ПВЦ слој
– Слој на дезен
– Паста
– Филц (стаклена волна)
– Паста
– Најдолен слој (на грбот)

Кај хетерогените ПВЦ подови битна е дебелината на завршниот слој (слој на абење)
> 0.7 mm за јавна употреба (школи, градинки, болнички соби (не операциони сали)
0.5 mm – 0.7 mm мали простории, канцаларии
< 0.5 mm за домашна употреба (подржуваат подно греење)

Close Menu