LVT ПОДОВИ

“Уметност на мешање” – Нова колекција на модуларни подни облоги осмислена за дизајнери и архитекти. LVT подовите се дизајнерски производ, кои имаат за цел да креираат визуелен ефект.

Што се подразбира под LVT подови?

LVT подовите или во превод луксузни винилни плочки се подни облоги кои се идеални за употреба во комерцијални простории, како што се хотели, барови, ресторани, бутици, канцеларии, но исто така и во резиденцијални простории. Покрај извонредните перформанси, Tarkett LVT подовите имаат врвен дизајн и голем број дезени, моделирани според најновите трендови во светската индустријата на подови.

Кои се предностите на LVT подовите?

LVT е категорија на подови со најбрз тренд на раст во светот. Tarkett LVT подовите со својата иновација можат да одговорат на сите барања на пазарот на подот.

Предности на Tarkett повеќеслојни паркет:

БЕНЕФИТИ од Tarkett LVT подови:
  • Голем избор на дезени: камен, дрво, текстил, метал …
  • Модуларност – достапни во облик на даски, плочи и форми на неправилни агли, LVT нуди целосна слобода на дизајнирање со бескрајни можности за комбинирање на различни форми и димензии во една единствена целина.
  • Акустика, многу тивок под
  • Удобен и пријатен под
  • Многу издржлив, погоден за простории со висок проодност
  • Лесно чистење и одржување, отпорни на удари, гребаници и дамки
· Инсталирањето е брзо и едноставно, што е особено важно при реновирање на просторот

Како да инсталирате LVT под?

Tarkett-овите LVT подови може да се постават на 3 начини:
  • Со лепење – препорака за простории со висок проодност
  • Со клик систем – инсталација без лепење
  • Loose-lay инсталација – поставување без кликање и без лепење.
Loose-lay инсталација е иновативен начин за поставување на LVT подови погодни за инсталација во продажни, деловни и угостителски објекти, бидејќи инсталацијата и демонтажата се можни “преку ноќ” или за само неколку часа. Благодарение на ова, реновирањето на изнајмени простории е брзо и лесно. Можете брзо да го расклопите подот секогаш кога сакате, а постојната подлога нема да биде оштетена од лепак. По инсталирањето, LVT подот може веднаш да се користи. Важно е LVT подот да биде совршено поставен, затоа академијата на Tarkett е овластена за обука на подополагачи, како правилно да ги инсталираат овие подови. АСПРОМ располага со Мастер Сертификат за поставување на LVT подови.

Зошто да одберете Tarkett LVT?

Пред да се одлучите за LVT, треба да знаете:

  1. Детали за завршување на LVT – декоративните подни ленти и лајсни ќе помогнат да се усогласи или да се зголеми контрастот во дизајнот на подните облоги и на крајот да се добие совршен изглед.
  2. LVT подови, исто така, може да се инсталираат преку керамика.
  3. Издржливоста е карактеристична за LVT подовите кои ги прави долготрајни и со помалку трошоци за одржување.
  4. Секојдневниот простор го прави поубав и подобар за живот. Tarkett LVT е дизајниран според главните трендови во дизајнот на ентериер и во согласност со строгите еколошки стандарди.
  5. Вашите идеи можат да се пренесат на уникатни концепти на подот. Tarkett нуди наменски Floorcraft услуги за проекти кои бараат поголем степен на индивидуализација на дизајнот. Tarkett веќе има банка на дезени, а може да се порача и целосно уникатно решение за вашиот под. Floorcraft дезените се склопуваат во фабриката на Tarkett и се испраќаат на адресата, а со деталните планови за поставување на подот, вградувањето е брзо и едноставно.
  6. Во зависност од колекцијата што ја избирате, гаранцијата за целиот LVT асортиман е 10-20 години.
Дознајте повеќе за Tarkett LVT подовите во видеото