TARKETT ЛАЈСНИ
Нашиот асортиман на лајсни е создаден да ги задоволи сите естетски и просторни критериуми. Нудиме голем број профили и видови на лајсни. Завршните лајсни на Tarkett се конструирани со одлични перформанси, можат лесно да се поставуваат на држачи или да се залепат со силикон.
Преодни лајсни се архитектонски декоративни детали за да го вклопат дрвениот под, да обезбедат премин помеѓу различни подни облоги или подобро израмнување на површината.
Т – профил се инсталира како преодна лајсна помеѓу два паркета или паркет-плочки, но и двата пода мора да бидат подеднакво рамни.
Завршен профил се инсталира како завршеток до балконската врата или како завршна лајсна на паркетот.
Нивелирачки профил се инсталира како завршна лајсна кај паркетот према други видови на под (плочки, теписон), а кој се наоѓа на пониско ниво (-14мм) во однос на паркетот.