Линолеум

По оригиналниот рецепт од 1898 година, линолеумот е направен од 94% органски материјали (ленено масло, дрво, плута и борова смола), интересно зарем не.

Како еден од најприродните и одржливи подови на пазарот, линолеумот на Tarkett е познат по својата природна убавина, удобност и упорност повеќе од 150 години.
Линолеумот е составен од природни материјали и 100% е разградлив. За негово производство се користат ленено масло, креда, дрво, плута, борова смола и разни видови на пигменти.
Благодарение на таквиот состав, линолеумот е антибактериски, антиалергичен и антистатичен. Во текот на производството, а подоцна и при неговата примена не постои појава на токсини кои можат да бидат штетни за луѓето и за природата. Поради испарувањето на боровата смола, линолеумот е корисен и за лицата со респираторни проблеми.

Кои се придобивките од линолеумот?

Предностите на линолеумот се бројни:

  • Линолеумот е природен и еколошки, 100% биоразградлив материјал
  • Линолеумот е пријатен и удобен при одење
  • Материјал кој, благодарение на неговиот состав, е антистатичен, антибактериски и антиалергиски под. Ова го прави идеален за простории каде има алергични лица, лица со респираторни проблеми, како и оние кои бараат интензивна нега, како што се здравствени установи, училишта, детски градинки
  • Екстремно издржливи подови – може да траат 20 до 30 години, дури и подолго, ако се одржуваат правилно
  • Го ублажува и намалува притисокот врз зглобовите – тоа е удобно, што го прави слично за просториите каде што се очекуваат подолги престои, како што се ординации, канцеларии, кујни
  • Поради мекоста и изолационите својства, линолеумот е одличен звучен и топлински изолатор: сите звуци остануваат внатре во просторијата, а надворешните звуци не влегуваат. На овој начин, тој обезбедува удобност за сите корисници на просторот
  • Широкиот спектар на бои и дезени – со кои можеме да постигнеме различни ефекти и да добиеме различни стилови во просторот.