Паркет Tarkett

Ништо не може да се спореди со чувството на природно дрво. Неговата убавина, моќ и впечатлив карактер ја доведуваат автентичноста на секој ентериер

Основната разлика помеѓу Tarkett повеќеслојниот паркет и класичниот паркет е во нивната конструкција. Tarkett повеќеслојниот паркет се состои од 3 слоја на дрво споени под агол од 90 степени. Горниот слој на паркетот е направен од тврдо дрво (даб, јасен, бука), за изработка на средниот слој се користат ела, бор или смрека, а за долниот слој се користи чамовина (четинар).

Конструкцијата на Tarkett повеќеслојниот паркет ја сочинуваат следниве слоеви:

  • Површинска заштита на паркетот – долготраен сјаен или мат лак
  • Горен слој на паркет изработен од тврдо дрво
  • Направен е цврст среден слој во летвици, така да обезбеди стабилност на даските
  • Балансирачки слој – ја зголемува стабилноста и го спречува разминувањето на даските
  • Tarkett повеќеслоен паркет е испорачан во подготвени даски за инсталација и е со фабрички лакирана завршница.

Предности на Tarkett повеќеслојни паркет:

• Паркетите на Tarkett се долготрајни, стабилни и безбедни
• Истите се испорачуваат подготвени за инсталирање
• Лесно се поставува, со или без лепење, со поставување на даските со најсовремен систем на T-lock, кој овозможува речиси невидлива врска и сигурен и цврст спој
• Tarkett паркетите се направени од најквалитетно дрво, кое внимателно е сушено со секогаш еднаква и загарантирана содржина на влага од 6-8%, што е оптимално за стабилен и сигурен паркет
• Tarkett има повеќе од 130 години искуство во производство на паркет. Производството на подни облоги е негов единствен бизнис од 1886 година
• Tarkett паркет е достапен во повеќе од 150 дезени произведени од 6 различни традиционални и егзотични видови на дрво од сите континенти

Како да го инсталирате Tarkett паркет

Tarkett повеќеслојниот паркет се испорачува во даски и може да се инсталира веднаш по купувањето. Овој паркет се поставува со лепење или поставување на даските со најсовремен систем на T-lock, кој овозможува речиси невидлива врска и сигурен и цврст спој. Паркетот може да се постави само на подлоги кои се стабилни и ослободени од прашина, пукнатини, налегнатини или други оштетувања.

Паркетот на компанијата TARKETT е вистинско решение за системи со подно греење

Одржување на Tarkett Паркет

Tarkett паркетот е несомнено најдобриот избор за лесно одржување. Редовното чистење на вашиот паркет ќе му помогне да трае долго време и беспрекорно да изгледа. Сега можете да ги користите Tarkett средства за чистење Tarkett Cleaner и Tarkett Refresher, кои се безбедни за вашето семејство и животната средина.

Температурата на површината на паркет не смее да биде повисока од 27 ° C, а подно греењето мора да биде изведено на безбеден начин, без ладни полиња.