TARKETT
Спортски подови
Од повеќенаменски подови за теретани, преку подни облоги за натпреварувачки терени се до јога стидија – сите спортски површини мора да бидат прилагодени на конкретните активности и очекуваната тежина на товарот на дневна основа. Tarkett подовите се произведени во согласност со најстрогите индустриски стандарди за да им овозможат на спортистите одлична и безбедна подлога, додека одржувањето да биде лесно и економично. Со голем избор на бои и дизајни, победата никогаш не изгледала толку добро.
Kаталог
OMNISPORT V65
Omnisports V65 има висока отпорност на абење. Оптималната дебелина од 6,5 mm обезбедува удобност за спортистите, а разновидноста на бојата и чистотата ја прават оваа колекција совршена за употреба во универзални спортски сали дизајнирани за гимнастика, општа физичка култура и спортски игри.
MULTIFLEX M
Повеќеслојниот спортски паркет е совршено решение за повеќенаменски спортски објекти, како што се училишта и е особено погоден за простории кои се предмет на реновирање. Неговиот непрекинат долен слој добро ги апсорбира ударите, а силата ја дистрибуира преку целата површина. Подовите се третирани со лак за спортски подови за да се обезбеди дополнителна издржливост и економично одржување.