Трендови во ентериерот за оваа пролет

Оваа пролет пристигнаа нови трендови кои сигурно ќе остават значаен печат на сите полиња. Дизајнерите, уметниците, модните креатори се стремат да создадат и презентираат нешто ново, уникатно и исклучително импресивно секоја година. Ние направивме мало истражување за трендовите што ќе ја одбележат претстојната пролет и сакаме да ви покажеме како најдобро да ги имплементирате во вашите домови.

slika do dnevna so dvosed

Living Coral - Боја на годината

Не може да се споменат трендовите без да се спомене бојата што ќе доминира на дизајнерската сцена. Институтот за боја PANTONE објави која боја ќе треба да ја обои оваа пролет, а тоа е бојата 16-1546 Living Coral. PANTONE вели дека ова е боја на безгрижна среќа, па имајте на ум кога размислувате за бојата што ја сакате во вашиот дом оваа година. Нагласете го ѕидот на една соба во оваа боја, збогатете го просторот со детали во форма на мебел, убава декорација, тепих или оставете го TARKETT-от да се гледа и бидете сигурни дека ќе уживате во домот на бојата на коралите.

Враќање на boho стилот повторно на сцена

Иако никогаш не излегува од мода, boho стилот, оваа година ќе биде еден од најважните трендови во дизајнот на ентериер. Неговата слоевитост и слобода во комбинирањето на бои, материјали и форми ќе им даде на секој еден најдобар можен начин да управува со својот дом. Покрај тоа, boho стилот носи топло добредојде во секој дом, што е впечаток што сакате да го оставите на оние кои првпат доаѓаат во вашиот дом.

Геометриски мотиви

Геометриските мотиви се исто така една од темите во внатрешната декорација, кои оваа пролет ќе бидат особено истакнати. Оваа година тие ќе бидат застапени во сите видови, од ткаенини, уредни инсталации, фотографии, позадина, па сè до самиот под. Ако сте љубител на геометриски мотиви и сте спремни да внесете нешто невообичаено во вашиот дом, колекцијата Mixоnomi е вистинскиот избор за вас. LVT подот со широк спектар на модели и различни геометриски форми ви нуди голем број на опции за создавање на идеален и уникатен под. Од вас се бара да ја пуштите вашата имагинација по волја и да го дизајнирате подот по ваш вкус.

Терацо се враќа во трендот

Многумина ќе бидат воодушевени кога ќе чујат дека терацото е повторно во тренд. Тоа е специфичен материјал кој комбинира парчиња мермер, кварц, гранит и стакло во него. Ефектот кој произлегува создава уникатна, монолитна и убава површина, со делови во неа во разни бои и форми. Овој декоративен под најчесто се користи за декорирање на простории во резиденцијални обкети – бањи, кујни, тераси, како и во деловни објекти.
АСПРОМ го нуди венецијанското терацо од италијанскиот производител Ideal Work. Исто така во нашиот изложбен салон може да најдете винилен под со текстура на терацо, што сигурно може да биде соодветна замена за оригиналниот материјал.

Се обидовме да ви прикажеме на подобар начин што е она што ќе ја одбележи оваа пролет, и како може да ги имплементирате сите овие трендови во вашиот простор. Сега останува на вас да одлучите што е тоа што највеќе ви одговара за да го направите вашиот престој во домот уште попријатен.