HomePageSLider-04
HomePageSLider-02
HomePageSLider-05
HomePageSLider-03
HomePageSLider-01
previous arrow
next arrow

Сите видови подови

АСПРОМ ДООЕЛ е специјализирана компанија за изведба на подополагачки работи и е овластен преставник за продажба на разни типови производи од програмите на реномирани светски фирми.

Наша цел


Следење на најновите трендови од областа на подополагачките работи и производите потребни за нивна квалитетна изведба. 

Создавање на задоволни купувачи преку навремена испорака на материјалите и одличниот квалитет на изведените работи.

Кој работи со нас?

Трослоен дрвен паркет, ламинат, LVT подови,  PVC подови, хомогени и хетерогени винилни подови, линолеум, теписи и теписони, декоративни подови на цементна база, спортски подови, епоксидни подови, Decking – композитно дрво, подигнати подови, лепила, лакови и маси, лајсни.   

Станбени и деловни објекти, спортски терени, медицински и образовни институции, хотели, гаражи и паркинг простори, услужни објекти.

Професионалци

во индустријата за подови


Располагаме со тим од високо обучени подополагачи во редовен работен однос, сертифицирани за поставување на сите видови подови.

Посебно внимание посветуваме на секој клиент од моментот на првиот разговор, предлог, одлука и доставување на понуда до самата завршна фаза, т.е. испорака и монтажа на подот.

Погледнете некои од нашите проекти.

Прочитајте информации за подови.

Контакт информации

Врвна техничка опременост

АСПРОМ располага со најсовремена опрема за подготовка на подни подлоги од реномираната американска компанија Blastrac.

  • BLASTRAC 1-10DPS75 – Машина за сачмарење на бетонска кошулка со работна ширина од 254 мм и капацитет до 130 м2/h на бетонска подлога.
  • BLASTRAC BMG-435WD – Машина за брусење, дизајнирана за разни големини на хоризонтални апликации за подготовка на површината. Идеална за отстранување на премази, брусење на бетон и полирање, со сила на мотор од 720
  • BDC-3140DBP – Машина за собирање на прашина и честички создадени при брусење и полирање. Моторот произведува максимален проток на воздух од 300 cfm, со максимален статичен притисок од 90.

Квалитетот на опремата, добро обучената работна сила и логистичката поддршка од производителите на компоненти, гарантираат супериорен квалитет на финалниот производ и долгорочно задоволство на купувачите.